Поранешниот дефанзивец на Интер, Андреа Ранокија, изненадувачки ја напушти Монца. Тој се приклучи на новиот член на Серија А како слободен играч пред почетокот на сезоната, но забележа само два настапи – победата од 3-2 против Фросиноне во Купот на Италија и поразот од 4-0 од Наполи во лигата.
На натпреварот во Неапол, централниот дефанзивец се здоби со скршеница на фибулата и се очекуваше да биде надвор од терените околу три месеци. Сепак, подоцна беше откриено дека тој нема да закрепне пред февруари.
Вчера управата на Монца соопшти дека Ранокија си заминал со заедничка согласност, а иницијативата за разделба била негова. Италијанските медиуми ја открија и причината.
Ранокија е многу разочаран што нема да може да му помогне на тимот во својата дебитантска сезона во елитата и претпочита да си замине отколку да зема плата без да игра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













