Легендарниот италијански стручњак Клаудио Раниери (69) кариерата би можел да ја продолжи во Франција. Искусниот 69-годишен тренер е многу близу до преземање на францускиот шампион Лил и тоа ќе биде нов предизвик за стратегот кој замина од Сампдорија.
Раниери ќе го замени Кристоф Галтие на клупата на Лил, кој реши да го напушти клубот откако сензационално ја освои шампионската титула пред ПСЖ.
Познатиот Италијанец претходно има работено во Франција. Од 2012 до 2014 година го водеше Монако, а во сезоната 2017/2018 работеше како тренер на Нант.
Минатата сезона, Раниери ја водеше Сампдорија. Тимот од Џенова го предводеше до деветтото место во Серија А, но одлучи да не ја продолжи соработката со клубот.
Преговорите меѓу Лил и Раниери се во тек. Сè може да се заврши во наредните денови и искусниот тренер е на чекор да се врати во Франција.
Во својата богата кариера, Раниери постигна најголем успех со Лестер, откако во 2016 година го одведе до титулата англиски шампион. Меѓу позначајните резултати, вреди да се спомене освојувањето на Купот на Шпанија со Валенсија, како и трофеите во Интертото Купот и Суперкупот на УЕФА. Покрај Лестер, Валенсија, Монако, Сампдорија и Монако, Раниери има работено во Челси, Рома, Парма, Јувентус, Интер, Наполи, Атлетико и во Фиорентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal