Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Арон Рaмзи, одби неколку понуди да се врати во Англија. Тренерот Масимилијано Алегри изјави дека нема намера да се потпира на него, а „бјанконерите“ веќе некое време се обидуваат да се разделат со него. Една од главните причини за тоа е и неговата висока плата.
Неколку клубови понудија да го ангажираат до крајот на сезоната, но 31-годишниот фудбалер не можеше да најде заеднички јазик. Тој ги одби понудите на Њукасл, Вулверхемптон, Барнли и на два шпански клуба. И покрај серијата повреди и неубедливиот настап на теренот, Ремзи е уверен дека може да игра во поголем клуб.
Надежта на Јуве сега е во Кристал Палас. Италијанците се надеваат дека лондончани ќе успеат да го убедат да игра на „Селхурст Парк“. Главна улога би можел да одигра Патрик Виеира, менаџерот на тимот, кој би сакал да го има Велшанецот во редовите на Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













