Реал Мадрид оствари триумф од 3-1 против Ливерпул во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. „Кралевите“ одиграа одличен натпревар, на средината на теренот царуваа Тони Крос, Лука Модриќ и Кашемиро, а Жуниор Винисиус и Марко Асенсио беа реализаторски расположени.
Капитенот Серхио Рамос поради повреда не може да им помогне на соиграчите, но го пофали изданието на тимот и важната победа.
„Мојот Реал беше одличен, мразам што не можам да им помогнам на момците. Тие ми го разгалија срцето со играта“, изјави Серхио Рамос.
Дефанзивецот ќе мора да паузира речиси до крајот на април, а реваншот е следната седмица на „Енфилд Роуд“. Во меѓувреме, „кралевите“ претстојниот викенд го играат „Ел Класико“, големиот дуел против Барселона во Мадрид.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












