Серхио Рамос или Рафаел Варан, летово еден од нив ќе пристигне во Пари Сен Жермен. Раководството на „светците“ бара уште еден квалитетен дефанзивец кој ќе игра заедно со Маркињос и со Кимпембе.
ПСЖ го контактирал Реал Мадрид, бидејќи е заинтересиран да го купи Варан, а спортскиот директор Леонардо веќе стапил во контакт и со агентот на фудбалерот.
Реал ја постави цената за Варан на 50 милиони евра бидејќи влегува во последната година од договорот, а Перез размислува и за добри односи со францускиот клуб поради Килијан Мбапе.
Што се однесува до Рамос, тој има понуди од Премиер лигата, наводно и двата клуба од Манчестер, но прва опција на дефанзивецот е Париз и ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













