
Серхио Рамос не е дел од репрезентацијата на Шпанија за Европското првенство. Оваа изненадувачка информација дојде од Шпанија при објавувањето на списокот на селекторот Луис Енрике, кој својата одлука ја оправда со дисконтинуитетот на настапи на капитенот на националниот тим во последните неколку месеци.
Рамос е голем спортмен и во вакви тешки моменти, се „колне“ дека го дал максимумот за да биде подготвен и за Реал Мадрид и за репрезентацијата на Шпанија, но, сепак, не успеал. И посака се најдобро на „црвената фурија“ на Европското првенство.
“После неколку многу тешки месеци за мене и многу чудна сезона каква што никогаш не сум доживеал во мојата кариера, на ред дојде ЕВРО. Се колнам дека се борев со целото срце и душа и работев секој ден за да бидам подготвен да им помогнам на Реал Мадрид и репрезентацијата, но понекогаш работите не одат како што замислуваме. Навистина ме боли што нема да можам да и помогнам на националниот тим, но во тој случај, добрата работа е што ќе можам да се одморам и да се подготвам за следната сезона кога ќе се вратам уште посилен.
На репрезентацијата и посакувам се најдобро на ЕВРО и јас ќе бидам уште еден верен навивач кој со срце ќе навива за нив од дома. Поздрав до сите. Вамос Шпанија и Хала Мадрид, засекогаш”, напиша Серхио Рамос на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
