Германскиот бундеслигаш Шалке 04 се наоѓа на самото дно од табелата во германскиот шампионат и треба да се случи чудо за обезбеди опстанок во елитата. Но, затоа клубот сака да направи потег со кој експресно би се вратил во Бундес-лигата по само една сезона во второлигашка конкуренција.
Шалке сака да го ангажира Ралф Рангник, познатиот стратег кој е најзаслужен за подемот на Лајпциг. Неговото име се поврзуваше како можен тренер на Милан, но на крајот таа комбинација не се реализираше. Сега Ралф Рангник се споменува и како можен кандидат за нов селектор на Германија, а Шалке го посакува како алфа и омега во клубот. Тој би ја имал позицијата на спортски директор, но и би командувал со стручниот штаб и самиот би го избрал следниот тренер на тимот од Гелзенкирхен.
Рангник во сезоната 2004/05 работеше во Шалке 04.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













