Connect with us

Рајан Шерки асистираше со рабона, Бруно Гимараеш погоди директно од корнер: Сити се доближи до Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер Сити го искористи поразот на Арсенал и со победата над Сандерленд од 3-0 се доближи до лидерот на само два бода негатива. „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола доминираа на теренот, а магичната асистенција на Рајан Черки во вториот дел го одбележа натпреварот.

Во првиот дел головите ги постигнаа стоперите Рубен Дијаз и Јошко Гвардиол за водство од 2-0, додека Шерки со рабона асистенција го пронајде Фил Фоден, кој со глава ги постави конечните 3-0.

Победа забележа и Тотенхем, кој ја прекина лошата серија и со 2-0 го совлада Брентфорд пред својата публика. Стрелци на головите беа Ришарлисон и Чави Симонс.

Њукасл триумфираше на „Сент Џејмс Парк“ против Барнли со 2-1. Бруно Гимараеш го отвори резултатот со фантастичен погодок директно од корнер, а пред крајот на полувремето Гордон ја зголеми предноста. Барнли намали од пенал во 94.минута преку Флеминг, а од 43.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Лукас Пирес.

Челси одигра 0-0 против Борнмут на „Виталити“ и пропушти нова шанса да се приближи до врвот.

Евертон забележа убедлива победа со 3-0 над Нотингем Форест.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови