Италијанскиот калчолигаш Милан и голманот Џанлуиџи Донарума сè уште не можат да се договорат за условите на новиот договор. Според „Газета дело спорт“, двете страни не се согласуваат околу најважното прашање – висината на платата. „Росонерите“ му нудат на 22-годишниот голман 8 милиони евра годишно, а фудбалерот бара 10 милиони евра.
Исто така, има несогласувања и за должината на договорот. Милан сака да потпише договор на пет години, додека агентот на голманот Мино Раиола инсистира на потпис за само две години.
Друга пречка во преговорите се барањата на самиот Раиола. Претставникот на Донарума сака да добие 20 милиони евра провизија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













