Поранешниот француски репрезентативец Рафаел Варан размислува да стави крај на кариерата, тврди „Ле Паризиен“. 31-годишниот дефанзивец ова лето прејде како слободен играч во Комо, но заработи повреда на коленото уште на својот дебитантски натпревар против Сампдорија, и сѐ уште не се знае кога целосно ќе закрепне.
Варан беше отстранет од составот на Комо, а медиумите шпекулираат дека новајлијата во Серија А сака да го раскине неговиот договор. Сега самиот играч треба да одлучи дали ќе го раскине договорот, а доколку го направи тоа, речиси сигурно ќе стави крај на фудбалската кариера.
Варан е четирикратен освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а во својата кариера ги носеше и дресовите на Ленс и на Манчестер Јунајтед.
Во 2018 година, Варан беше дел од составот на Франција кој ја освои светската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













