Connect with us

Рафаел Леао ги одбил Реал Мадрид и Челси зошто сака да остане во Милан

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, ги одбил понудите на Челси и на Реал Мадрид бидејќи сака да остане меѓу „росонерите“. Договорот на Португалецот со италијанскиот шампион е до јуни 2024. Двете страни преговараат за негово обновување веќе подолг период.


Челси и Реал Мадрид се обидоа да го привлечат фудбалерот преку неговиот агент Жорге Мендеш. Сепак, играчот објави дека нема намера да го напушти Милан.

Платата на Португалецот не е проблем во преговорите меѓу него и „росонерите“ кои планираат да ја зголемат на 7 милиони евра по сезона. Едно од прашањата е казната од повеќе од 20 милиони евра што Леао треба да ја плати на својот поранешен клуб Спортинг за раскинување на договорот во 2018 година. Претставниците на играчот очекуваат Милан да плати дел од неа, но во оваа фаза италијанскиот клуб нее подготвен да го стори тоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови