
Чави Хернандез најави дека дефинитивно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната. Тренерот тоа го објави пред еден месец, а Каталонците сѐ уште се надеваат дека има барем минимални шанси да остане. Веројатно единствената надеж за позитивна сезона е добар настап во Лигата на шампионите.
Клубот, сепак, размислува и која ќе биде замена на Чави. Доколку тој дефинитивно замине, негов наследник ќе биде Рафа Маркез, пренесува каталонскиот „Спорт“.
Тој е тренер на Б-тимот на Барселона, одлично ги познава младите фудбалери и е информиран за финансиската состојба на клубот. Во добар однос е со важните фигури во Барселона како претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко. Негов агент е Жорге Мендеш, кој дополнително би помогнал во евентуалните преговори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
