
Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал, што ќе се одигра во недела, 27 април, со почеток од 19 часот, во спортската сала „25 Мај“.
Во големото финале ќе се соочат два тима кои со својата игра сезонава заслужено стигнаа до борбата за трофејот – КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.
Двете екипи зад себе имаат одлична сезона и настапи кои оставија одличен впечаток кај љубителите на футсалот.
КМФ Форца 2015 е екипа која сезонава веќе го обезбеди првото место во најдобрата футсал лига.
Нивниот противник во Куп финалето, КМФ Осогово 2022, е релативно млад клуб, но со брз и силен подем, што го потврди и со пласманот во ова значајно финале.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
