Лидерот Шкупи има десет бода предност на врвот на табелата во однос на Шкендија, но не мисли тука да застане. Напаѓачот Марјан Радески најавува дека тимот од Чаир ќе атакува на триумф и на денешниот меч против Ренова во Тетово.
„Респект за тимот на Ренова, но ние имаме свои цели. Ќе играме како што игравме и досега давајќи го максимумот. Доколку ги извршуваме задачите што ќе ги даде нашиот тренер Седчоски, нема да имаме проблем да ги освоиме трите бода“, вели Марјан Радески.
Работнички на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Шкендија, а Македонија ЃП сака да ја продолжи победничката низа и на дуелот во Струга.
Брегалница е домаќин на последнопласираниот Пелистер, а Академија Пандев во Струмица ќе го пречека Борец.
Во првиот меч од 22.коло, уште во саботата, Тиквеш го совлада Борец со 3-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО (14 ЧАСОТ)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
РЕНОВА – ШКУПИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ
БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР
ТИКВЕШ – БОРЕЦ 3-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski