Поранешниот тренер на струмичка Беласица, Раде Цицмиловиќ е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш.
„По оставката на Љупчо Димитковски раководството на Тиквеш се одлучи за нов тренер да го именува, Раде Цицмиловиќ“, ни изјави претседателот на ФК Тиквеш, Миле Масларков.
Цицмиловиќ на клупата на кавадарчани ќе го замени Љупчо Димитковски, кој поради лошите резултатит на клубот и серијата од четири натпревари без триумф, поднесе неотповиклива оставка која беше прифатена од раководството. Цицмиловиќ за задача ќе има да избори пласман во Првата македонска фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













