
Барселона го загуби големото дерби од Реал Мадрид (1-2) на „Камп Ноу“, но поразот во „Ел Класико“ засега нема да ја доведе во опасност работата на Роналд Куман. И покрај поразот, изданието на Барселона не е оценето како слабо, а се очекува следната серија од три натпревари да биде клучна за иднината на стручниот штаб.
Барселона и Куман нема да имаат оправдување доколку не успеат да ги освојат бодовите против теоретски послабите противници како Рајо Ваљекано, Алавес и против Динамо Киев.
Двата натпревари во Ла Лига ќе послужат како скалила за искачување на табелата и за доближување за пласман во Лигата на шампионите бидејќи моментално каталонците се наоѓаат на деветтото место, а натпреварот во Киев е неопходен дуел за да се подобри позицијата во групата во ЛШ по поразите од Баерн Минхен и од Бенфика.
Управниот одбор на Барселона му даде доверба на Куман, но децидно стои на ставот дека неговата иднина зависи и од резултатите на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг
