
Работнички ја оствари првата победа на подготовките во Словенија. Во вториот тест, „романтичарите“ беа подобри од словенечкиот второлигаш Бриње со 2-1. Мечот се одигра на стадионот во Брежице.
Работнички дојде во водство во 19.минута, кога по акцијата од левата страна, реагираше Влатко Стојановски, а топката на патот кон голот удри во еден противнички фудбалер.
Бриње израмни во 62.минута од пенал, откако беше досудена најстрога казна поради играње со рака во шеснаесетникот.
Победата за Работнички ја донесе Атдхе Мазари, кој во 68.минута постигна погодок за 2-1, што на крајот беше и конечен резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
