
Работнички продолжува со реновирање на составот за следната сезона. Српскиот интернационалец Иван Марковиќ е ново засилување на „романтичарите“, објави клубот на официјалниот сајт. Тој потпиша договор на една година и треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија. Марковиќ е напаѓач кој може да одговори и како офанзивен играч за врска. Има 25 години и доаѓа од грчкиот клуб Каламата.
Младинскиот стаж го стекнал во српскиот клуб Партизан, а потоа гради и интернационална кариера. Бил член на Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија има настапувано за Вождовац и за Радник.
Работнички утре (18 часот) ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Брегалница на Градскиот стадион во Штип.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
