Connect with us

Работнички се раздели со Гоце Седлоски

Серијата од четири последовни порази беше кобна за Гоце Седлоски. Клубот утрово објави дека спогодбено е раскината соработката со трофејниот стратег кој дојде на половина од сезоната, но не успеа да ги оствари посакуваните резултати со „романтичарите“.

„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.
Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери“, соопшти ФК Работнички.

Тимот на Работнички по последниот пораз од Брера се наоѓа на осмата позиција на табелата со 27 бода, само еден повеќе од десеттопласираниот Вардар и три повеќе од Македонија ЃП, која е на позиција која води во понизок ранг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови