
Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, тимот на Работнички, загуби со 0-3 од албанскиот прволигаш Партизани Тирана на денешниот пријателски натпревар во Струга. Очигледно дека сѐ уште не се наместени коцките во одбраната на „романтичарите“, а за Партизани Тирана беа досудени два пенали.
Кеко во 18.минута го отвори резултатот од пенал, откако претходно голманот Васко Василев беше невнимателен во обид да дегажира, ја загуби топката и го удри противничкиот играч.
Во 24.минута уште една голема грешка во одбраната на Работнички, згреши новото засилување Амир Велиќ, а на крајот Скука зголеми на 0-2.
Во 87.минута, беше досуден уште еден, крајно сомнителен пенал за Партизани Тирана. Васко Василев го одбрани пеналот, но одбиената топка во мрежата ја испрати Гарсија.
Работнички претходно двапати ремизираше против Силекс (0-0 во Кратово и 1-1 во Скопје), а на 27 јуни ќе има тест и со косовскиот тим Балкани во Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
