Работнички е елиминиран уште на стартот од европската одисеја. Белорускиот тим Торпедо-Белаз славеше и на реваншот во Скопје со 0-1 и со вкупен резултат 0-4 апсолутно заслужено се пласираше во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

По поразот на првиот меч, Работнички имаше надежи дека може да возврати на реваншот. Сепак, се покажа дека Торпедо-Белаз е поквалитетен тим.
Решавачкиот момент на денешниот дуел се случи во 14.минута.
Стивен Алфред ја искористи лошата реакција во одбраната на Работнички и со удар со глава по корнерот од левата страна постигна гол за Торпедо-Белаз. По ова паднаа сите надежи дека Работнички може да стори нешто во овој двомеч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













