Ренова и Работнички на мегдан во Тетово во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига кој може во голема мера да одлучи околу битката за четвртата позиција на табелата.
Битка за 4. место кое може да донесе европски излез следната сезона. Па, сосема е јасна силната желба и во двата табори за три бода денеска.
„По триумфот на Чаир малку кренавме глави. Но, треба да продолжиме да работиме и да се обидеме да победиме и против Ренова во Тетово. Ние и понатаму ќе дадеме се од себе за да обезбедиме пласман во Лигата на Европа следната сезона. Имавме негативен период, но верувам дека сето тоа е зад нас и дека сега ќе продолжиме во позитивна насока“ – вели офанзивецот на Работнички, Баже Илијоски.
Но, „гипсарите“ оваа пролет играат одлична полусезона и веќа се поотворено ја демонстрираат желбата со сигурност да осигураат најмалку четврта позиција која може да донесе европски излез. Како што нагласуваат од тимот на Никола Илиевски – Џиџи и против Работнички денеска се оди безусловно на победа.
ПМФЛ – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Сантос обезбеди опстанок, на Нејмар му олесна
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













