
Два натпревари, еден бод. Недоволно за желбите и амбициите на Работнички, кој минатата сезона ја заврши на третата позиција и обезбеди излез во Европа. По ремито без голови во Кавадарци со Тиквеш, тимот на Бојан Маркоски беше непријатно изненаден од Башкими на Националната Арена „Тодор Проески“ каде забележа пораз од 0:2. Лекција што брзо мораа да ја научат фудбалерите на Работнички, затоа што во првиот меч од третата рунда во Прва МФЛ ги очекува ново големо искушение, гостувањето во Струга.
Тренерот Бојан Маркоски се надева на многу подобро издание на својот тим.
„Не бевме на потребното ниво против Башкими. Создадовме шанси, но не ги реализиравме, а противникот искористи два моменти на невнимание во нашата одбрана. Ги анализиравме грешките, ќе се обидеме да не ги повториме и се надеваме на многу подобар натпревар против Струга Трим Лум. Противникот е еден од најквалитетните тимови во лигата, но Работнички мора да го покаже својот потенцијал и квалитетот, што уверен сум дека го поседуваме, токму на вакви дуели. Одиме да се надигруваме и се надеваме на позитивен исход“, изјави Бојан Маркоски за официјалниот сајт на ФФМ.
Струга ТЛ и Работнички го отвораат третото коло од Првата фудбалска лига, со денешниот меч кој стартува од 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Талески: Брера не смееме да ја потцениме

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
