Connect with us

Работнички ја тресна Шкендија, бод за Шкупи, сефте за Илчо со Брегалница (ФОТО)

Работнички го совлада актуелниот првак Шкендија со 2-1 и веројатно дефинитивно го откажа од борбата за шампионската титула. Шкупи ремизираше без голови на гости против Ренова, па сега има 11 бода предност во однос на тетовскиот тим.


Марио Станковски постигна фантастичен гол во 23.минута, откако од дваесетина метри погоди во спротивниот горен агол од голот на Костадин Захов. Само три минути подоцна, по едно невнимание на целата одбрана на Работнички, израмни Аденис Шала.

Сепак, „романтичарите“ повторно дојдоа до предност во 59.минута, со голот на Анес Рушевиќ, откако претходно Марио Станковски го погоди дирекот. Шкендија во 88.минута остана и со играч помалку поради исклучувањето на Јан Кривак.

Македонија ЃП ја продолжи победничката серија и во Струга, и тоа со доминантно издание против домаќинот (1-3). Јован Попзлатанов во 22.минута го отвори резултатот, само минута подоцна Кристијан Стојкоски зголеми на 0-2, а третиот гол го постигна Сефер Емини во 45.минута од дуелот. Буњамин Шабани од пенал во 86.минута постигна почесен гол за Струга ТЛ.

Брегалница конечно победи, а тоа е сефте и за новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски. Во Штип падна последопласираниот Пелистер со 2-1. Милан Џокиќ во 33.минута ја доведе Брегалница во водство, израмни Петар Љамчевски во 51.минута, а Бобан Георгиев во 74.минута постигна победнички гол за штипјани.

Академија Пандев го декласира Борец со 5-0 во Струмица и се врати на второто место на табелата. Коста Манев ја отвори серијата, а во првото полувреме погодија и Осман Маронг и Пепи Ѓорѓиев. Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и Адис Хаџановиќ од пенал и Кристијан Велиновски.

Тиквеш во саботата го победи Скопје со 3-0.

ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2-1

РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3

БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР 2-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 5-0

САБОТА: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 3-0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови