Connect with us

Работнички ја сопре Струга ТЛ, но и Шкендија не ги победи „пандевци“

Лидерот Струга Трим Лум го чува врвот, но само со реми (1-1) против Работнички во Скопје. Сепак, и Шкендија ремизираше 1-1 против Академија Пандев на домашен терен во Тетово.


Николче Шаркоски донесе предност за „романтичарите“ со удар со глава во 68.минута, но четири минути подоцна израмни Буњамин Шабани, кој во првиот дел го погоди и дирекот.


Љупчо Дориев во деветтата минута обезбеди водство за Шкендија на дуелот во Тетово, но Академија Пандев сепак успеа да израмни во вториот дел преку Мартин Ѓорѓиевски. Во судиското продолжение црвен картон заработи Билали, откако скандалозно шутираше противнички играч.


Брегалница ја доби пресметката со Тиквеш со 2-1. Милан Ѓокиќ во четвртата минута обезбеди предност за штипјани, а Љупчо Кудев зголеми на 2-0 во 53.минута. До крајот, Тиквеш успеа да намали со голот на Мишов, но бодовите останаа во Штип.


Македонија ЃП славеше со 1-3 на гости против Победа во Прилеп. Абази отвори за „лавовите“, но израмни Ѓурковиќ. Во 59.минута, Емир Скендери повторно ја донесе Македонија ЃП во водство, а Алексовски го потврди триумфот на гостите.


Вчера, Скопје и Силекс ремизираа без голови.

ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-1
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-1
ВЧЕРА: СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови