
Работнички и Силекс ремизираа (1-1) во првиот меч од 20.коло во Првата фудбалска лига. Никола Прелчец го доведе домашниот тим во водство во 52.минута, а израмни Иван Галевски во 80.минута од мечот.
Кристијан Стојкоски ја имаше првата шанса на натпреварот, откако Лука Станковски убаво го проигра, но неговиот шут заврши директно во голманот на Силекс, Даниел Божиновски. Возврати Иван Ивановски по проигрувањето од Тантуровски, а одлично реагираше голманот на Работнички, Ристе Јанков, во 30.минута. Седум минути подоцна, Дејан Тантуровски излезе сам пред Јанков, но чуварот на мрежата на „романтичарите“ со фантастична реакција со нога спаси сигурен гол.
Головите паднаа во вториот дел. Во 52.минута, Максимов продре по десната страна, уфрли во средината, а Никола Прелчец го постигна првиот гол во дресот на Работнички. По ова напаѓачот на „романтичарите“ имаше уште една шанса, но не беше прецизен шутирајќи откосо од десната страна.
Силекс успеа да израмни во 80.минута. Тантуровски од левата страна префрли, со глава топката беше спуштена до Иван Галевски кој од неколку метри ја затресе мрежата на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
