Македонските клубови претставници во квалификациите на Конференциската лига, Работнички и Силекс, в среда, со почеток во 18.30 часот, на комплексот на ФФМ ќе одиграат пријателски натпревар кој треба да биде и генерална проверка за двата тима пред настапот во Европа.
На овој натпревар ќе биде имплементирана и ВАР технологогијата, која во новиот шампионат на Македонија ќе биде дел од секој прволигашки натпревар. Работнички и Силекс први ќе го тестираат новиот ВАР-систем.
Работнички во првото квалификациско коло од Конференциската лига ќе игра против белорускиот тим Торпедо-Белаз, додека Силекс се среќава со црногорскиот Дечиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













