Connect with us

Работнички и Силекс одиграа 1-1 на вториот тест во Скопје

Македонските претставници во европските натпреварувања, Работнички и Силекс, одиграа втор меѓусебен контролен дуел како дел од подготовките за квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Како и првиот, и денешниот тест меч заврши без победник.

Првата пресметка меѓу двата тима заврши без голови (0-0), додека вториот натпревар понуди нешто поголема ефикасност и заврши со резултат 1-1. За „романтичарите“ стрелец на единствениот гол беше Кристоџеј Далеј. Погодокот за Силекс беше автогол на Бесир Демири.

И двата клуба наскоро ги очекуваат важни предизвици на европската сцена. Во првото коло од Конференциската лига, Работнички гостува кај белорускиот Торпедо-Белаз, додека Силекс ќе има дуели со црногорскиот Дечиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови