Работнички и Пелистер ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар во Струга. Поведе Пелистер со голот од пенал на Борче Маневски во 63.минута, а израмни Петар Петковски во 85.минута од мечот.
Во првиот дел, убава можност за Работнички имаше Ристовски, но не успеа да реализира, а Михаил Талевски на спротивната страна ја погоди гредата.
Во второто полувреме беше досуден пенал за Пелистер, а успешен реализатор беше Борче Маневски во 63.минута. Работнички имаше убави можности за израмнување преку Ристовски и Марио Станковски.
Пред крајот стигна израмнувањето преку Петар Петковски. На асистенција на Кристијан Стојкоски, крилниот напаѓач успеа да ја затресе мрежата на Пелистер во 85.минута.
Ренова ремизираше (2-2) против Охрид на последниот тест на крајбрежјето. Стрелци за „гипсарите“ на овој натпревар беа Ален Јашароски и Емран Рамадани, додека за охрижани погодија Реџепи и Мазари. Ренова не искористи пенал, Рамадани не беше прецизен од белата точка.
Тетекс одигра реми (3-3) со многу голови против Кек. Стрелци за македонскиот второлигаш беа Шоповски, Николовски и Михајловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













