Работнички го совлада второлигашот Тиквеш со 3-1 на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. По ремито со Борец (2-2), ова е прв триумф за Ратко Достаниќ откако го презеде составот.
Тодоровски беше стрелец на првиот гол за Работнички во 13.минута. Тој упати прецизен удар од 25 метри и го совлада противничкиот голман. Давид Тошевски во 38.минута зголеми на 2-0, а во вториот дел уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 60.минута. Во 89.минута, Тиквеш намали на 3-1 со голот на Делов.
По овие два теста, Работнички ќе продолжи со одигрување пријателски натпревари на подготовките во Анталија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













