Шампионот Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Работнички во осмото коло од Првата фудбалска лига. Двете екипи се во позитивен тренд, а сакаат во ист стил да продолжат и по денешната пресметка (15 часот).
„Победата во Штип беше важна, по натпреварите во Европа беше многу важно да се фокусираме на првенството. Сега се надеваме дека во Струга ќе ја продолжиме серијата победи иако знаеме дека нема да биде лесно против тим како Работнички. Имаат квалитетен состав, но ветуваме дека ќе го дадеме максимумот и на овој натпревар и на следните натпревари, за да дојдеме до максималниот број бодови и повторно да се бориме за шампионската титула“ , изјави капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани.
Работнички сака да го изненади шампионот, голманот Игор Алексовски тврди дека тимот на Шпетим Дуро не е непобедлив.
„Му гостуваме на шампионот. Секако дека тоа е голем предизвик за нас. Максимално го респектираме противникот, имаат квалитетен состав, но, сепак, не се и непобедливи. Ние веруваме во нашите квалитети, добро работевме во изминатиот период и се надеваме дека ќе одиграме квалитетно и ќе оствариме позитивен резултат“, истакна Игор Алексовски
Шкендија и Брера се лидери на табелата со по 13 бода и размислуваат како да се задржат таму. Шкендија на домашен терен денеска ја пречекува Македонија ЃП, додека Брера ќе се сретне со Силекс во Струмица.
Во Кавадарци ќе се сретнат Тиквеш и Брегалница. Воска во Охрид е домаќин на Шкупи, додека Вардар ќе се пресмета со Гостивар.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕРА – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
ВОСКА – ШКУПИ
ВАРДАР – ГОСТИВАР
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski