Работнички го доведе второто ново име во пресрет на новата сезона. Анес Османовски е ново засилување за тимот на Александар Влахо. Тој денеска потпиша договор со Работнички и се приклучува на тимот на „романтичарите“.
Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Османовски го прифати предизвикот да му пристапи на Работнички.
„Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона“, изјави Горан Станковски за официјалниот сајт на клубот.
Анес Османовски во Македонија настапуваше за Брегалница и за Борец.
Претходно, за Работнички потпиша и дефанзивецот Бојан Илиевски кој дојде од редовите на Пелистер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski