Македонскиот прволигаш Работнички во финишот на зимскиот преоден рок успеа да доведе уште две засилување. Нов член на клубот е десниот бек Бојан Ѓоргиевски, а ангажирано е и десеттото засилување во овој преоден рок, Ерменецот Давид Манојан – 28-годишен играч, кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска.
27-годишниот Ѓоргиевски се враќа во македонскиот шампионат, откако во изминатиот период настапуваше во Албанија. Потпиша едногодишен договор со Работнички. Тој во Македонија има настапувано и за Вардар, Металург, Хоризонт Турново и за Победа. Беше интернационалец во Бате Борисов (Белорусија), Сконто Рига (Летонија), Нефтохимик (Бугарија), Мачва (Србија), Теута, Камза (Албанија).
А, само неколку часа по комплетирањето на трансферот на Бојан Ѓоргиевски, управата експресно го договори и трансферот на Манојан, непосредно пред завршувањето на преодниот рок. Ерменецот потпиша договор на една година, но го очекува период на борба за првотимски статус со оглед на неколкуте засилувања што Работнички ги доведе во средниот ред. Манојан доаѓа во Работнички од полскиот второлигаш Сандецја, а претходно има настапувано за Алашкерт и за кипарскиот прволигаш Неа Саламис.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski