Работнички ја започна куп-сезоната на неверојатен начин, совладувајќи го Карбинци со убедливи 0-16. Интересно, токму клубот од Дебар Маало беше единствениот прволигаш без гол по три кола во ПМФЛ, но на овој меч буквално „експлодираше“.
Триумфот е втората најубедлива победа во историјата на Купот – над рекордот на Вардар (16-1 против Пролетер), а пред Работнички останува само легендарното 22-0 на Брегалница против Ново Црнилиште. На полувреме беше 0-9, а меѓу стрелците се запишаа Николовски (2), Далеј (2), Демири, Мециновиќ, Кадриу, Асани (2), Ангелов, Елези, Бошњаков, Жаку (2) и Хоџа (2).
Изненадување приреди Охрид, кој по пенали (5-3) ја елиминира Брера, откако натпреварот заврши 1-1 во регуларниот тек. Од Купот испадна и Башкими, кој загуби дома од Детонит Плачковица со 1-4.
Со сигурни победи стартуваа другите фаворити. Брегалница славеше кај Победа Валандово со 0-6, Силекс беше подобар од Евротип со 1-7,
Македонија ЃП го декласира Љуботен со 0-14, формално како гостин, иако мечот се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













