Францускиот шампион Пари Сен Жермен остана без ѕвездата Килијан Мбапе за претсезонската турнеја низ Јапонија, а иднината на играчот во клубот е неизвесна поради спорот околу неговиот договор.
Мбапе веќе најави дека нема да ја активира клаузулата за продолжување на договорот за уште 12 месеци, туку претстојната сезона ќе ја започне со парижаните. Сепак, тој беше изоставен од 29-члениот состав кој отпатува за Јапонија, а во саботата тренираше со тимот.
Kylian Mbappé stops by outside the PSG Campus after training today to take pictures with the fans and sign autographs. 🎥🇫🇷
— PSG Report (@PSG_Report) July 22, 2023
pic.twitter.com/yrbK7aimP4
Францускиот репрезентативец не ја коментираше ситуацијата, но изгледаше дека е расположен, насмеан и се фотографираше со навивачите кои го чекаа.
ПСЖ не сака да дозволи Мбапе да замине без отштета на крајот од следната сезона. Клубот постави услов или да биде потпишан нов договор или да го продаде играчот ова лето. Напаѓачот сака да остане со парижаните до следната година, а потоа да игра за Франција на Олимпијадата – барање што ќе треба да биде одобрено од фудбалската федерација на земјата и од клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













