Пари Сен Жермен постигнал устмен договор со Барселона за купување на 24-годишниот крилен напаѓач Осман Дембеле. Договорот на Французинот со Барселона истекува ова лето, а каталонскиот клуб реши да го продаде оваа зима.
Иако се најавуваше дека Дембеле ќе заврши во Премиер – лигата, сепак, на последниот ден од преодниот рок ПСЖ тргнува во акција за негов ангажман.
Сепак, работата не е толку едноставна. ПСЖ и Барселона вчера отпочнаа разговор за можна размена на играчи, но не е постигнат договор, а клубовите повторно ќе разговараат и денеска, се до последните часови од последниот ден од преодниот рок.
Манчестер Јунајтед се откажал од намерата да го купи Дембеле, а во игра се уште е Челси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski