
Репрезентацијата на Англија потклекна во четвртфиналето на Светското првенство во Катар со поразот од Франција (2-1), но голем дел од играчите оставија одличен впечаток, што само ги подгреаја гласините за трансфери во најголемите клубови. Францускиот првак ПСЖ е многу заинтересиран да доведе две млади англиски ѕвезди.
Парижаните, пишува „Ел Насионал“, се подготвени да платат 120 милиони евра, колку што бара Борусија Дортмунд за Џуд Белингем. 19-годишниот играч за врска е еден од најбараните играчи на светскиот пазар, а долго се пишуваше за интересот на Ливерпул и на Реал Мадрид.
ПСЖ може да му понуди најголема плата, но прашање е дали парите ќе бидат главен критериум на Белингем при изборот на нов клуб.
Катарските сопственици се подготвени да го привлечат и Маркус Рашфорд. За таа цел би му понудиле неделна плата од 850.000 фунти или речиси еден милион евра. Договорот на 25-годишниот напаѓач со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, а ПСЖ верува дека никој друг нема да му понуди толку пари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
