
Францускиот првак Пари Сен Жермен го ангажираше Маурисио Покетино за нов тренер, а тој планира значително да го реновира составот на „светците“ за следната сезона. Во овој зимски преоден рок Покетино и нема на располагање голем фонд на квалитетни фудбалери кои би можел да ги доведе, се најавува доаѓањето на Кристијан Ериксен од Интер кој е ставен на трансфер – листа и би дошол во Париз како дел од размена во која Леандро Паредес ќе се пресели во Милано.
Но, затоа на лето Покетино подготвува вистинска „револуција“. Ќе биде направен обид да се привлече Лионел Меси, но многу поголем акцент е ставен на четворица фудбалери од Серија А. ПСЖ ги посакува Џанлуиџи Донарума и Тео Хернандез од Милан, Калиду Кулибали од Наполи, Сергеј Милинковиќ – Савиќ од Лацио и Пауло Дибала од Јувентус.
Покрај овие желби, извесно е доаѓањето и на Деле Али од Тотенхем. Секако, раководството нема да може да ги исполни сите желби на Маурисио Покетино затоа што ќе мора да внимава и на финансискиот фер-пеј.
Од „Паркот на принцовите“ треба да заминат Дракслер, Паредес, Геје, Херера, Керер, а можеби и Икарди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот
