Connect with us

ПСЖ тргнува по Маркус Рашфорд

По многу размислување, Пари Сен Жермен конечно тргна по напаѓачот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Англија, Маркус Рашфорд, пренесува угледниот „Л’Екип“.


Аргентинецот Мауро Икарди очигледно го заврши престојот на „Паркот на принцовите“, а тренерот на „светците“, Кристоф Галтие, сака да ја засили конкуренцијата во нападот со доведување на 24-годишниот Рашфорд, детето на Манчестер Јунајтед чиј договор со „црвените ѓаволи“ истекува следното лето.

Контакт помеѓу Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и самиот играч е воспоставен, а преговорите се движат во вистинска насока.

Пари Сен Жермен летово веќе донесе еден напаѓач, од Ремс пристигна суперталентираниот Французин Уго Екитике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови