
Пари Сен Жермен официјално го објави потписот на бразилскиот централен дефанзивец Лукас Бералдо од Сао Паоло. 20-годишниот дефанзивец потпиша до 2028 година со францускиот шампион кој за неговите права ќе плати 20 милиони евра.
Бералдо беше следен од голем број европски гиганти, но на крајот одлучи да се приклучи на ПСЖ и ќе го носи дресот со број „35“ во неговиот нов клуб.
Бразилецот дебитираше за Сао Паоло на 26 мај 2022 година и запиша 52 натпревари и еден постигнат гол за тимот, а минатата сезона го освои Купот на Бразил – прв во историјата на клубот.
„Среќен сум што му се приклучувам на толку амбициозен клуб како Пари Сен Жермен. Ова е важен чекор во мојата кариера кој ќе ми помогне да се развивам. Едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи и да ги направам првите чекори во овој дрес“, изјави новото засилување на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
