
Фудбалерот на Вулверхемптон, Рајан Аит-Нури е трансферна цел на францускиот гигант Пари Сен Жермен. Скаутите на клубот му го препорачале 20-годишниот лев бек на тренерот Маурисио Покетино и се очекува ПСЖ да даде понуда за него следниот месец, откриваат медиумите на Островот.
Аит-Нури трајно се приклучи на „волвс“ во јули, откако клубот за него плати 11 милиони евра на Анже. Н о, многу брзо би можел да се врати во Франција.
Сега неговата цена е значително поголема, па Вулверхемптон не би се откажал од него без отштета од 35 милиони евра.
ПСЖ моментно го има португалскиот лев бек Нуно Мендеш, кој настапува како позајмен играќ од Спортинг Лисабон, но неизвесно е дали ќе биде трајно купен по крајот на сезоната.
Аит-Нури има вкупно 34 натпревари за Вулверхемптон, вклучувајќи го и синоќешниот пораз од Ливерпул со 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
