Connect with us

ПСЖ сакал да го смени Покетино оваа зима, но не го убедиле Зидан да седне на клупата

Поразот на ПСЖ од Ница во осминафиналето од Купот на Франција повторно ја отвори темата дали Маурисио Покетино е идеалниот тренер да го води парискиот проект. Според информациите на „Ле Паризиен“, раководството на францускиот гигант се обидело да го отпушти аргентинскиот тренер за време на зимскиот трансфер прозорец, но бидејќи не можеле да најдат соодветна замена, операцијата била стопирана.


Приоритет на Леонардо е нов тренер на ПСЖ да биде Зинедин Зидан. Разговорите меѓу двете страни се водат долго време, но тој одбил да ги преземе тимот во овој компликуван период, среде сезона.

Покетино сигурно ќе биде сменет на крајот од сезоната, а тогаш треба да пристигне Зинедин Зидан. Аргентинецот исто така најавил дека ќе замине од клубот на лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови