Connect with us

ПСЖ сака дефанзивец на Рома како замена за повредениот Шкриниар

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е во потрага по замена за повредениот дефанзивец Милан Шкриниар. Парижаните го имаат како приоритет ангажманот на нов централен дефанзивец за тимот на Луис Енрике до крајот на јануари.


ПСЖ ја разгледува можноста да го доведе Џанлука Мансини од ома. На „Паркот на принцовите“ веруваат дека Италијанецот е вистинскиот профил кој може да заврши одлична работа за нив.


27-годишниот Мансини има договор со Рома до летото 2027 година, а проценет е на околу 20 милиони евра што не е голема сума за ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови