Пари Сен Жермен се обидува да се раздели со Милан Шкриниар, иако го ангажираше само пред една година. Според „Foot Mercato“, шампионот на Франција го понудил на турските гиганти Бешикташ, Галатасарај и Фенербахче.
Капитенот на Словачка пристигна во ПСЖ минатото лето како слободен агент, откако му истече договорот со Интер. 29-годишниот Шкриниар не успеа да го покаже својот потенцијал во клубот, бидејќи повредата што ја заработи во јануари му попречи да игра голем дел од втората половина на сезоната.
Дефанзивецот сака да остане во ПСЖ, но управата на клубот се обидува да донесе нови фудбалери во одбраната. За таа цел, парижаните се подготвени да се разделат со некои од сегашните, а меѓу нив е и Шкриниар. Друг дефанзивец кој би можел да замине е Норди Мукиеле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













