Connect with us

ПСЖ постави нов рекорд во Франција, а и Мбапе го подобри личното достигнување

Пари Сен Жермен допрва треба да ја потврди новата титула во Лига 1, но францускиот гигант продолжува да испишува историја во домашната лига. Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен (1-4) ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последовни натпревари, што досега не го направила ниту една екипа од тамошниот шампионат.


Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога беше поразен со 3-1 од Монако.

Претходниот подвиг му припаѓаше на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.

Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така постигна голови и асистираше на натпреварот против Лориен, со што се искачи на 43 во сезоната и го подобри својот личен рекорд во однос на постигнувањата во една сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови