Connect with us

ПСЖ победи, ама прими три гола од Троа (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен во голеада, потешко од очекувањата, дојде до триумф од 4-3 против Троа и се зацврсти на врвот на табелата со 35 бода, пет повеќе од Ленс. Гостите одиграа храбро и дури трипати ја тресеа мрежата на Донарума, но на крајот сепак бодовите им припаднаа на „светците“ .


Мама Балде ги доведе фудбалерите на Троа во водство во третата минута, но израмни Карлос Солер во 24.минута. На стартот на второто полувреме повторно Мама Балде ја фати на спиење одбраната на домаќинот. Лео Меси израмни со удар од далечина, а Нејмар во 62.минута се погрижи за пресврт.

Килијан Мбапе од пенал зголеми на 4-2, а Троа постигна уште еден погодок преку Палаверса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови