Пари Сен Жермен ќе го доведе Кристоф Галтие за нов тренер. Францускиот првак се согласи да плати 10 милиони евра обештетување на Ница за да ги обезбеди услугите на 55-годишниот стратег.
Претходно ПСЖ им понуди на „орлите“ еден или двајца млади играчи на позајмица во замена за ослободување на Галтие, но одговорот беше негативен.
Галтие ја предводеше Ница до петтото место во Лига 1 минатата сезона, како и до финалето на Купот на Франција, каде загуби од Нант. Минатата година под негово водство Лил стана шампион.
Галтие ќе го замени Маурисио Покетино на кормилото на ПСЖ. Аргентинскиот стручњак веќе е информиран од раководството на клубот за неговиот отказ. Ќе добие отштета од 15 милиони евра.
Лусиен Фавр пак треба да го заземе местото на Галтие во Ница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













