Во последните неколку трансфер периоди се спомeнуваше потенцијален трансфер на напаѓачот на Њукасл, Александер Исак во неколку клубови.
Сепак, тоа не се реализираше, иако и во јануари оваа година имаше доста шпекулации. Според пишувањата на медиумите, сега изгледа дека летото 2025 година конечно ќе донесе промена во неговата кариера.
Францускиот „РМЦ Спорт“ објави дека Пари Сен Жермен подготвил неверојатна понуда за Њукасл, со цел да ги „примора“ останатите клубови да се откажат од Исак.
Освен „светците“, за Исак се заинтересирани и клубови од англиската Премиер – лига, поточно Ливерпул, кој е подготвен да ги сруши сите рекорди на трансфер пазарот за да го донесе 25-годишниот напаѓач.
Њукасл го вреднува својот напаѓач дури на 180 милиони евра, што секако е премногу дури и за најголемите европски гиганти. Сепак, ПСЖ е подготвен да даде три фудбалери, Гонсало Рамош, Марко Асенсио и Рандал Коло Муани, само за да го добие потписот на шведскиот репрезентативец Александер Исак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













