
Пари Сен Жермен подготвува сериозна офанзива за ангажман на бразилскиот интернационалец од Реал Мадрид, Родриго Гоеш, откако фудбалерот очигледно не е во прв план на новиот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо.
Според информациите, токму тренерот Луис Енрике инсистира на неговото доведување, убеден дека Родриго ќе донесе свежина и дополнителен квалитет во нападот на парижани. Иако ПСЖ веќе располага со играчи како Кварацкелија, Дембеле, Баркола и Дезире Дуе, тренерот смета дека е потребна поголема длабочина и флексибилност во офанзивата за новата сезона.
Родриго беше стартер во дебито на Чаби Алонсо против Ал-Хилал, но потоа доби само 23 минути во последните три натпревари, што дополнително ги разгорува шпекулациите за можна разделба.
Реал Мадрид е подготвен да ги сослуша понудите, но не планира да го пушти Родриго за помалку од 80 милиони евра. На „Сантијаго Бернабеу“ веруваат дека интересот од повеќе клубови, меѓу кои и Арсенал, кој внимателно ја следи ситуацијата, може дополнително да ја зголеми вредноста на трансферот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
