Пари Сен Жермен немаше проблеми да слави против Ленс со 2-0 и ја запиша четвртата победа во исто толку кола од Лига 1, задржувајќи го максималниот ефект. Сепак, тренерот Луис Енрике останува да биде загрижен за повредите на Квича Кварацкелија, Канг-Ин Ли и Лукас Бералдо.
„Светците“ беа предводени од расположениот Бредли Баркола, кој постигна два гола – по еден во секое полувреме – и им донесе нови три бода на своите соиграчи.
За избраниците на Луис Енрике ова е уште една потврда дека се главни кандидати за титулата и во оваа сезона.
Мец прими гол во самиот финиш и одигра 1-1 со Анже, Париз со играч помалку приреди изненадување и победи кај Брест со 1-2, додека Стразбур со гол од пенал во 91. минута славеше над Ле Авр со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













